На која возраст треба да престанеме да пиеме алкохол? Еве што велат лекарите!

Сподели со своите пријатели

Голем број луѓе од време на време уживаат во алкохолни пијалаци. Сепак, некои многу често знаат да претераат, што не е добро за целокупното здравје.

Loading...

Меѓутоа, доколку сакате да го зачувате вашето здравје, познат невролог откри кога треба трајно да престанете да пиете алкохол.

Во својата книга „Како да се спречи деменција“ од 2023 година, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак ја открил врската помеѓу алкохолот и шансата за добивање одредени болести, пишува Klix.ba.

Тој изјави дека алкохолот е „директен невротоксин“, што би значело дека редовното консумирање или пиење големи количини алкохол може да му наштети на функцијата на мозокот, вклучително и на другите органи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Важела за најгрда жена на светот, но од тоа заработила цело богатство

„Запрашајте се: „Зошто пијам?

Рестак предложи сериозно да размислиме да се откажеме од алкохолот откако ќе наполниме 65 години.

„Воопшто не пијам. Мислам дека треба да престанете на околу 65 години. На таа возраст, вашиот мозок веројатно консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело“.

Кога алкохолот го оштетува вашиот мозок, тоа влијае и на агилноста на вашето тело, зголемувајќи го ризикот од паѓање.

„Стапката на смртност од падови се зголемува, особено кај постарите мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние кои веќе се погодени од други причини за падови, како што се мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата и лекови“, додаде тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која е оптималната количина сон за средовечните луѓе?