Ако ја погледнете Им и нејзиниот Инстаграм профил, ќе помислите дека таа е како и секое друго човечко суштество. Ќе ви биде простено затоа што навистина изгледа така, но би погрешиле.
Секако, таа има повеќе од 300.000 следбеници на Инстаграм кои секојдневно ги следат нејзините објави каде рекламира брендови како Ферагамо, снимала шпици за модните едиторијали и учествува во предизвиците на ТикТок.
Иако пандемијата им даде на виртуелните инфлуенсери некои предности во однос на нивните човечки ривали, компјутерски генерирани личности одамна направија армија на следбеници дури и пред ударот на коронавирусот, создавајќи индустрија вредна милиони.
Ова е особено важно за компаниите, бидејќи тие заработуваат пари во време кога вистинските „живи“ sвезди кои претходно биле ангажирани се ограничени поради коронавирусот.
Со оглед на моменталната состојба, некои брендови се свртеа кон промовирање на своите производи преку виртуелни инфлуенсери како Им. Првично уметнички проект, популарноста на Им привлече компании како Порше.
Експертите велат дека новите инфлуенсери може да „заработат“ во иднина.
– Виртуелните инфлуенсери, иако лажни, имаат вистински деловен потенцијал – вели еден експерт за маркетинг и додава:
На долг рок, поевтино е да се работи со нив отколку со луѓе. Тие можат да се контролираат 100 проценти и можат да се појават на повеќе места одеднаш, и што е најважно, тие никогаш не стареат и не умираат.
Додека овој бизнис има смисла, важно е да се разгледа етичката страна за изнајмување роботи да играат луѓе, велат други.