На игралиште за деца пронашле јајца од втората најотровна змија во светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Експертите во училишното игралиште во Австралија, во делот каде децата се играат во песок, откриле десетина јајца од смртоносната змија, кои биле две недели од излегувањето.

Источната кафеава змија ги положила јајцата минатиот месец во малиот град Лауриетон, 400 километри од Сиднеј.

Доброволци минале три дена „чешлајќи“ го игралиштето и откриле вкупно седум гнезда јајца, објавува надлежната служба.

ДОСЕГА НЕВИДЕН ПРИЗОР: Вака изгледа породување на змија (видео)

Loading...

Еден од нив опишал дека во јајцата видел одраз на пругаста змија.

Источната кафеава змија (Pseudonaja textilis) има втор најсилен отров меѓу сите змии, зад копнениот тајпан кој исто така живее во Австралија, но на многу зафрлени места за разлика од оваа отровница која неретко се наоѓа во предградијата на големите градови.

Експертите велат дека станува збор за агресивна и брза змија која е одговорна за најголемиот број смртни каснувања од змии во Австралија.