На Хаити членови на банда линчувани, а потоа запалени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 10 осомничени членови на банда биле линчувани на Хаити, а жителите на главниот град Порт-о-Пренс ги запалиле нивните тела, соопшти полицијата на Хаити.

Loading...

Портпаролот на полицијата изјави дека група вооружени бандити возат низ главниот град, а полицијата имала намера да ги уапси.

Тој додаде дека озлогласениот криминален бос Карло Петиом е мртов, но не даде дополнителни детали за неговата смрт, пренесува Ројтерс.

 

 

Британската новинска агенција соопшти дека линчот дошол по неколкудневни судири меѓу членовите на бандата и безбедносните сили.

Фотографиите и видеата на Ројтерс на социјалните мрежи покажаа неколку тела наредени на патот, со запалени гуми и предмети покрај нив, додека луѓето ги опкружуваат и луто викаат.

Loading...

Бандите на Хаити зајакнаа од 2021 година, кога беше убиен претседателот Џовенел Мојс, а беззаконието избувна и во други делови на земјата, освен во Порт-о-Пренс.

 

 

Состојбата се влоши во претходните месеци, кога имаше престрелки меѓу бандити и полиција.

Како што додава Ројтерс, криминалните групи контролираат околу 80 отсто од урбаниот дел на Порт-о-Пренс, а присутни се околу 200 банди.