На грчките острови пристигнаа повеќе од 300 мигранти

Сподели со своите пријатели

Над 300 мигранти пристигнале на грчките острови во изминатите три дена, повеќето во близина на турскиот брег, покажуваат податоците објавени од крајбрежната стража.

Loading...

Крајбрежната стража вчера објави дека властите пронашле 107 лица на островите Самос, Миконос и Ро ден претходно.

Во средата уште 109 мигранти пристигнаа на островите Лезбос, Родос, Самос и Санторини, а во вторникот уште 118 пристигнаа на островите Ро, Родос и Лезбос.

Повеќето од мигрантите беа превземени од патролни чамци на крајбрежната стража во близина на брегот, од гумени чамци или други пловни објекти обезбедени од шверцери на луѓе.

Сите се однесени во прифатните центри за мигранти.

Со децении, Грција е една од омилените точки за влез во Европската унија за луѓето кои бегаат од конфликти или сиромаштија на Блискиот Исток, Африка и Азија и се надеваат на подобар живот во Европа.

Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 14.000 луѓе пристигнале во Грција оваа година, и по копно и по море, што е приближно една десетина од вкупниот број успешни премини преку Средоземното Море.

Од мигрантите кои успеале да го преминат Медитеранот, мнозинството стигнале до Италија, околу 104.000 од нив. Во Грција во 2022 година пристигнале 19.000 мигранти.

Loading...