На границата помеѓу Кина и Русија се формираше мистериозен леден ѕид (видео)

Сподели со своите пријатели

На руско-кинеската граница се појави необична величенствена појава – голем леден ѕид, јавува германската телевизија „Фокус“.

Многу личи на леден ѕид од познатата телевизиска серија „Игра на тронови“. Тоа што го гледате навистина постои.

Овој ѕид се наоѓа на североисточниот дел на Кина, кај границата со Русија. Меѓутоа, бедемот не го граделе ниту Кинезите ниту Русите. Ѕидот се појавил природно.

Мистериозен звук од внатрешноста на Земјата ги збуни експертите

Loading...

Во овој регион зимите се многу студени, често дува силен ветер. Тој и го направил ѕидот од мраз на брегот на езерото Ханка. Брегот е прилично долг, над 15 километри, додека височината на одредени места достигнува и над 20 метри.

Меѓутоа, леднеиот ѕид може да се види секоја зима. Тоа е ноеибчен феномен, велат метеоролозите. За да се формира, времето треба да биде студено и ветровито, а под замрзнатата површина на езерото треба непрестано да тече вода.

Бидејќи оваа година сите фактори се поклопиле, многу туристи веќе тргнале на патот да го видат реткиот феномен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.