На ГП Табановце запленети огномет, возило со бункер и белгиски таблички (фото)

Сподели со своите пријатели

За време на новогодишните и божиќните празници, царинските службеници откриле два случаи на царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Притоа, привремено се задржани девизи, возило со бункер за криумчарење, автоделови, лекови, средства за лична хигиена, масла од разни билки, чаеви, огномети, цигари, облека и фалсификати и др.

На градничниот премин Табановце биле откриени неколку обиди за шверцување и измама.

Цариниците на Табановце откриле патничко возило со шведски регистарски таблички во кое имало специјално подготвен бункер наменет за криумчарење.

Возило, инаку управувано од албански државјанин, се пријавило за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. При извршената контрола, во просторот под багажникот помеѓу левото задно тркало и браникот, бил откриен специјално конструиран бункер со електронска брава.

 

Loading...

Vozilo so bunker,Tabanovce

 

Согласно законските прописи возилото е привремено задржано, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Октирен бил и комплет од белгиски регистарски таблички, две сообраќајни дозволи и зелен картон,од страна на мобилните царински тимови, при контрола на белгиски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

Reg.tablicki,mobilna

 

Табличките и сообраќајните дозволи, пронајдени во возилото припаѓале на патничко возило марка Опел Вектра, за кое возачот изјавил дека било неисправно и го продал во отпад. На тој начин, прекршителот го пуштил возилото во слободен промет без да го стави во пропишана царинска постапка и без да плати увозни давачки за истото. Табличките, сообраќајните дозволи и зелениот картон се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

Од страна на мобилните царински тимови при контрола на дански автобус што сообраќал на релација Копенхаген – Скопје, биле откриени 233 парчиња разни видови огномет.

Автобусот бил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Огнометите, пронајдени во делот наменет за багаж и алат, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.