На ГП Табановце е спречен обид за подмитување на полициски службеник

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманво, денес во раните утрински часови, поточно во 00,05 часот на ГП Табановце на влез во РМ со ПМВ марка „Рено Маген“ со словенски национални ознаки и цол регистарски број, допатувал Т.С.(23) од с.Штука – Босилово, носител на македонска и бугарска патна исправа.

Loading...

При пасошка контрола од страна на полициски службеник за влез на ПМВ-а во РМ, Т.С. на увид ја приложил македонската патна исправа како и сообраќајната дозвола од возилото кое било за увоз односно за царинење.

Откако службеничката забележала дека се работи за цол регистарски таблици, на лицето му укажала дека со возилото треба да се престрои на лента наменета за контрола на ТМВ-а како и возила за увоз-царинење за да може да го пријави возилото на царинска служба заради изготвување на потребна документација.

По укажување на лицето да се упати на лента за контрола на возила за царинење, истиот излегол од возилото заменувајќи ја бугарската патна исправа во која без повод и причина ставил  една банкнота од 20-евра.

На нејзино прашање зошто се парите во патната исправа, истиот и рекол за да се почасти, а се со цел да ја избегне царинската процедура.

Лицето е преведено, и во 01,25 часот со Потврда за предавање на лице, лицето, патната исправа како и банкнотата од 20 евра се предадени на полициски службеници од СВР Куманово  за понатамошна постапка.