На годинешниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ може да учествуваат сите граѓани

Сподели со своите пријатели

Сите заинтересирани граѓани на Куманово може годинава да се пријават за индивидуално или групно учество на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“.

Loading...

Освен градинките, основните и средни училишта кои традиционално учествуваат на најголемиот настан под маски во градот, годинава учество може да пријават сите заинтересирани.

Како што информираат од Фондацијата за култура и спорт манифестацијата годинава ќе се одржи на 6ти мај (сабота).

– До 28.04. (петок) имате можност да пријавите групна или индивидуална маска за учество на маскенбалот. Фондацијата по електронски пат достави официјална покана до сите основни и средни училишта од Куманово, како и детските градинаки. Но, со оглед на тоа дека маскенбалот „Батко Ѓорѓија” како манифестација е отворена за сите граѓани на Куманово, ве охрабруваме да се пријавите во што е можно поголем број, со групна или индивидуална маска, информираат од Фондацијата.

Пријавата треба да содржи име на маска (поединечна или групна), бројот на учесници доколку станува збор за групна маска, краток опис на маската или порака која преку истата се испраќа, како и телефонски број и мејл адреса.

– Доколку при дефилирање и претставување на вашата маската е предвидена кореографија, нужно е заедно со пријавата да ни доставите и аудио верзија од песната која што ќе го следи вашиот настап, додаваат од Фондацијата.

Пријавите може да се достават  по електронски пат на мејл адресата [email protected] или во писмена форма, до Фондација за култура и спорт „Куманово” – Куманово (ул. „11ти Октомври, бб – Куманово, 1300) најдоцна до 28ми Април (петок).

Никола Ивановски

Loading...