На Фејсбук му се заканува казна од 5 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Фејсбук очекува дека Федералната трговска комисија (FTC) ќе ја казни компанијата поради попустите поврзани со приватноста, со казна од рекордни 5 милијарди долари, што е сепак само еден месечен приход на оваа компанија.

Loading...

FTC се уште не најави ниту наговести такво нешто, туку проценката која Фејсбук ја изнесе вос војот финансиски извештај објавен во среда, а се однесува на првиот квартал на 2019 година.

Во извештајот, Фејсбук вели дека компанијата одвоила три милијарди долари за казна кон FTC, која започнала истрага по скандалот со британската политичка консултантска куќа „Кембриџ Аналитика“.

Истрагата се занимавала со кршењето на договорот кој во 2011 година Фејсбук го потпишал со FTC, според кој компанијата била обврзана да добива експлицитна согласност од корисниците за споделување на нивните податоци.

FTC минатата годиа започна истрага при што е откриено дека на Кембриџ Аналитика и бил овозможен пристап до лични податоци на 50 милиони корисници на FTC без нивно прифаќање.

Во својот извештај Фејксбук јасно рекол дека нивната проценка во врска со истрагата е дека можат да имаат загуба од три до пет милијарди долари, ако се напоменува дека засега не мже со сигурност да се каже каков ќе бид еконечниот исход во поглед на условие иллли моментиттт екога догоооворот со FTC би можел да биде постигнат.

Ако Фејсбук се сложи, паричната казна ќе биде рекордна за FTC, која никогаш не одредила толку висока казна за било која технолошка компанија.

Канцеларијата за информации на Велика Британија (ICO) исто така го казни Фејсбук со 500.000 фунти поради скандалот со Кемриџ Аналитика.

Loading...

Паричнат аказна на FTC за Фејсбук исто така ќе надмине 22,5 милиони долари колку што Гугл плати во 2012 година поради кршење на договорот за подобрување на праксата за приватноста.

И по бројните скандали и критики со кои компанијата е соочена поради начинот на кој постапува со податоците на корисниците, само во првиот квартал на 2019 година остварила приход од 15 милијарди долари и има  39 милиони дневно активни корисници на својата платформа.

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply