На еврозоната и се заканува рецесија

Сподели со своите пријатели

Министрите за економија во еврозоната предупредија на ризик од рецесија поради „вториот бран“ на пандемијата на коронавирусот и повикаа на одржување фискална политика прилагодена на растот.

Loading...

– Заострувањето на рестриктивните мерки, се разбира, ќе има влијание врз економската активност, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони по видео-конференцијата во Еврогрупата пред полноќ.

Тој се надева дека економскиот шок ќе биде послаб отколку во „првиот бран“ на пандемијата минатата пролет.

– Компаниите и вработените се подобро подготвени да работат од далечина, но во исто време постои неизвесност за времетраењето на вториот бран, објасни тој.

– Секторот за услуги, а особено туристичкото сместување, културата и забавата, ќе бидат најтешко погодени, нагласи тој.

Паскал Донохју, претседател на Еврогрупата на министри на 19 земји од еврозоната, ја повтори својата „посветеност кон невидена политика за поддршка на буџетот“.

– Јасно е дека сите европски земји сега се наоѓаат во „вториот бран” на пандемијата. Оваа влошена здравствена состојба силно ги погодува нашите економии и значително го зголеми ризикот од рецесија во еврозоната, изјави Клаус Реглинг, директор на Европскиот механизам за стабилност ЕСМ), систем за управување со финансиска криза во еврозоната.

Златко Шумковски

Loading...

Leave a Reply