На дното на Атлантикот исчезнуваат делови од Титаник (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По 14 години повторно е организирана нуркачка мисија, а истражувачите се нурнале до остатоците од Титаник кој потонал пред 107 години.

Loading...

Снимката која ја објави ВВС стана вистински хит на интернет, а многу фанови на бродот, конечно добија можност да бидат ако изгледаат неговите остатоци кои повеќе од еден век лежат на дното на Атлантикот, на длабочина од 3.800 метри.

Паркс Стефенсон, експерт кој го истражува Титаник, рекол дека некои работи кои ги видел при првото нуркање навистина се шокантни.

– Кадата за капење на капетанот која јасно се гледаше во остатоците беше омилена слика меѓу фановите на Титаник, сега повеќе ја нема таму, рекол тој

Кадата ја снимиле истржаувачите при нуркање во 2004 година и веднаш станала најинтересна слика од бродот. Сега целосно исчезнала поради корозија, силни морски струи и бактерии кои го разградиле металот. Целите остатоци од бродот рапидно исчезнуваат, а најголемо пропаѓање е забележано на бочната страна каде биле офицерските кабини.

Сега се проучува како различни видови метали еродираат во длабоките морски води, за да може да се процени уште колку време преостанало на остатоците од Титаник.

Тоа е најголем патнички брод на сите времиња кој е на дното на морето, одалечен околу 600 километри од брегот Њуфаундленд во Канада каде Титаник удира во санта мраз на своето прво патување во 1912 година. Од 2.200 лица кои биле на бродот, загинале 1.500.

Местото на кое потонал Титаник откриено е во 1985 година, а година дена подоцна организирана е првата нуркачка мисија.

Loading...

Филмскиот режисер Џејмс Камерон во 1995 година нурна до длабочините и направи снимки кои се користени во филмот Титаник, кој во 1998 година е награден со 11 Оскари, а бил номинирал во 14 категории.

Сегашната експедиција ја предводи Виктор Весково, кој, како што вели, е многу изненаден од големината на бродот.

Сите снимки направени од последната експедиција ќе бидат искористени за документарен филм.

Leave a Reply