На денешн ден САД ја купиле Алјаска од Русија, а полетал и првиот Боинг 737

Сподели со своите пријатели

На денешн ден САД ја купиле Алјаска од Русија. Патничкиот авион Боинг 737 за прв пат полетал на 9 април 1967 година, а првиот снимен звук на човечки глас на фонограф е снимен на 9 април 1860 година.

Loading...

Првиот снимен звук

Францускиот пронаоѓач и физичар Едуар-Леон Скот де Мартинвил сакал да создаде уред кој ќе снима гласови.

Така направил фоноавтограф кој се состои од превртен мегафон или труба заедно со тенка мембрана преку рабовите.

Најраниот познат разбирлив снимен звук на човечки глас на уредот е снимен на 9 април 1860 година, кога Скот снимил некој да ја пее „Au Clair de la Lune“ („По светлината на месечината“).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инстаграм тргнува во борба против профили кои само копираат и објавуваат туѓи содржини

 

 

Боинг 737 полетал за прв пат

Боинг 737, патнички авион дизајниран како авион со краток дострел, полета за прв пат во верзијата Б737-100 на 9 април 1967 година.

Loading...

Првиот корисник на авионот беше Луфтханза, која нарача 21 авион во вредност од 67 милиони долари, а до 2008 година беше континуирано во производство со повеќе од 8.000 нарачани и 5.857 испорачани, што го прави најпроизведен комерцијален патнички авион во светот.

На секои пет секунди по еден од нив полетува или слетува некаде во светот.

 

 

Алјаска стана дел од САД

На 9 април американскиот Сенат го ратификуваше договорот за купување на Алјаска од империјална Русија со 37 гласа „за“ и 2 „против“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случи кога Индија го забрани ТикТок?

Така, областа од 1.518.800 km² официјално стана дел од САД.

Го купиле за 7,2 милиони долари, што е околу 2 отсто од тогашниот буџет на Соединетите Американски Држави.

Loading...

Многумина веруваа дека поседувањето на Алјаска ќе послужи како добра основа за проширување на американската трговија во Азија.