На денешен ден – 4 декември

Сподели со своите пријатели

1154.- Николас Брекспир, е првиот и единствен Англичанец кој бил избран за папа и бил востоличен за поглавар на римокатоличката црква како Адријан IV.

Loading...

1798.- Умрел италијанскиот лекар и научник Луиѓи Галвани, кој во 1789 година го пронашол галванскиот електрицитет и го нарекол „животински магнетизам“. Неговото име го носат многу инструменти и ознаки во електромагнетизмот и во електрониката воопшто.

1875.- Во Прага е роден Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите германски лиричари. Негови познати дела се “Нови песни”, “Песна за љубовта и смртта на корнетот Кристофер Рилке”, “Сонети за орфеј”, “Записите на Малте Лауридс Бриге” и други. Умрел во Швајцарија, на 29 декември 1926 година.

1892.- Роден е Франциско Франко, долгогодишен диктатор на Шпанија. Роден бил во офицерско семејство и ја продолжил семејната традиција. Во 1939 година го воспоставил режимот кој траел се до неговата смрт во 1975 година. Иако кралот Хуан Карлос набрзо го вовел демократскиот систем, основниот тек на Франконовиот систем се покажал како голема витална и популарна шпанска монархија.

1912.- По победата во Првата балканска војна, балканските сојузници Србија, Грција и Бугарија потпишале примирје со Турција.

1922.- Роден е францускиот филмски и театарски актер Жерар Филип. Во театарот со огромен успех ги играл главните рољи во драмите на Вилијам Шекспир, Албер Ками, Пјер Корнеј, Хајнрих фон Клајст, Алфред де Мисе. Филмови: „Ѓавол во тело“, „Фанфан Лала“, „Убавица во ноќта“, „Црвено и црно“, „Големи маневри“, „Идиот“, „Опасни врски“, „Господин Рипо“.

1945.- Во Пасадена, Калифорнија, умрел Томас Хант Морган, американски биолог, основач на генетиката, наука за наследните особини. Во 1933 година ја добил Нобеловата награда за откритието во врска со функцијата на хормозомите во пренесувањето на наследните особини. Роден бил во Легсингтон, Кентаки, на 25 септември 1866 година.

1976.- Умрел англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Дела: оперите „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композициите за оркестар „Пролетна симфонија“, „Варијации на тема Франко Бриџ“.

Loading...

1981.- Во Риека умрел Муртеза Пеза, раскажувач, романсиер и драмски писател од албанска националност во Македонија. Автор е на збирките „Дали ќе се вратиш“, „Скалите на Кел“ и на романите „Мејруша“ и „Во мојата улица“. Роден бил во Елбасан, Албанија, на 20 јуни 1919 година.

1993.- На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржал во катедралниот храм на охридските архиепископи “Св. Софија”, во Охрид, Господин Михаил, Митрополитот Повардарски бил избран за поглавар на Македонската православна црква, подоцна доименувана како МПЦ-ОА.

1995.- Во Скопје умрел Петар Глигоровски, македонски академски сликар и автор на анимирани филмови. Роден бил во Скопје, во 1938 година.

1996.- Во Скопје умрел Крум Стојанов, еден од доајените на македонскиот театар, актер. Роден бил во Скопје, во 1917 година.

1997.- Во канадскиот главен град Отава претставници на 121 држава потпишале историски договор за забрана на противпешадиски мини, но повеќе земји, вклучувајќи ги и САД, одбиле тоа да го сторат.

2013.- На 88-годишна возраст во Марсеј починал Жан-Клод, творецот на најпопуларниот безалкохолен пијалак во светот по американската „Кока Кола“, француската „Оранжина“. Пијалакот содржи концентрат од портокал, газирана вода и малку етерично масло.

Весна Јаневска

Leave a Reply