На четири локации во Куманово ќе се постават детски катчиња

Сподели со своите пријатели

Детски катчиња ќе има на четири нови локации во Куманово, информираше на последната прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкезе.

– Првично предвидовме шест, но поради повисоките цени ќе поставиме четири. Сега истите тие средства само ги пренаменуваме за изградба на четири и тоа е цената на чинење, некаде такви детски катчиња се градат со околу 10.000 до 20.000 евра по локација во зависност како ќе бидат уредени, какви играчки ќе поставите, дали долу ќе биде земја, дали ќе биде тартан подлога, каков тартан итн., изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 9 часот?

Од локалната самоуправа апелираа да не се уништува опремата како што последно беше случај со Спомен костурницата.

МИА