На четири локации низ кумановско горела сува трева

Сподели со своите пријатели

Пет интервенции во текот на вчерашниот ден бележат кумановските пожарникари, сите на запалена сува трева.

Loading...

Околу 13:25 часот четворица пожарникари излегле на терен во селото Кучкарево од каде добиле повик дека гори сува трева. На местото на настанот итервенирале до 15:55 часот. Сепак повторно се вратиле во 17:55 часот откако бил пријавен уште еден пожар во оваа село. Целосната интервенција завршила околу 20:35 часот.

Сува трева горела и на Спомен Костурница, каде двајца пожарникари во 15:05 часот започнале да интервенираат и за 20 минути успеале да го изгаснат огнот.

На запалена сува трева вработените од Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале и во селата Габреш и Черкези.

Leave a Reply