На Британија ѝ се заканува прекин на струјата

Сподели со своите пријатели

Британскиот енергетски регулатор „Офгем“ објави дека некои електрани во земјата би можеле да престанат со работа бидејќи земјата се соочува со недостиг на гас поради енергетската криза, пренесоа денеска британските медиуми.

Loading...

Велика Британија би можела да прогласи вонредна состојба поради недостиг на гас, а некои електрани на гас би останале без овој извор на енергија и нема да можат да произведуваат електрична енергија.

Оваа објава веројатно ќе ги зголеми стравувањата од прекини на струја, бидејќи Британија во голема мера се потпира на електрани на гас за производство на електрична енергија, додава весникот.

Според законите на британската индустрија, електраните ќе мора да платат казни доколку не испорачаат онолку струја колку што е ветено, а проблемот со недостигот на гас треба да се реши што е можно поскоро за да се спречат последици по системите за струја и гас.

„Офгем“ најави дека претстојната зима ќе биде „попредизвиклива од претходната“.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.