На автопатот Куманово – Табановце истоварил мигранти, но уапсен е во Скопје

Сподели со своите пријатели

На автопатот Куманово – Скопје вчера околу 04:00 часот полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 04.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Мигрантите заедно со возачот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply