Колумбиските власти запленија 143 тарантули на аеродромот во Богота како дел од операцијата за сузбивање на илегалната трговија со животни.
Loading...
Според Министерството за животна средина, пајаците биле скриени во пластични кеси во товарниот авион. Дестинацијата на пратката било Мексико.
Русија ги повлекува набљудувачите од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина
Немало документи кои го докажуваат потеклото на товарот или овластувањата кои овозможуваат негов легален транспорт, пренесе Бета.
Полицијата отвори истрага за идентификување на „испраќачот и примачот“ на 143 пајаци, од кои 12 починале на пат. Тарантулите се високо ценети на пазарот за домашни миленици.