На 65 години дознала дека не чувствува болка поради генетска мутација

Сподели со своите пријатели

Џо Камерон од Шкотска не чувствува болка, едвај има чувство на анксиозност и страв, а можеби поседува и способност за побрзо заздравување на раните.

Loading...

Со генетскатамутација која тоа го овозможува, Џо живеела 65 години пред да дознае за тоа. Толку е единствена што во светот постои само еден сличен пример.

Седумдесетгодишната жена живее во близина на познатото езеро Лох Нес и открила дека има генетска аномалија дури на 65 години кога побарала лекарска помош за колкот, притоа откривајќи дека имала тешка форма на деградација на зглобот, но дека не чувствувала никаква болка.

Следната година ја оперирала раката, по што исто така не чувствувала болка, покрај тоа што таквиот зафат го следат силни болки.

Во текот на животот воопшто не забележала исеченици или изгореници, а сите повреди кои ги претрпела заздравувале многу бргу. Освен тоа, ги обожава најлутит епиперки, од кои добива „пријатно чувтство во устата“.

По операцијата на колкот, лекарите се заинтересирале и ја испратиле на дополнителни истражувања на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Тим генетичари секвенцирал делови од нејзиниот геном, како и на нејзината мајка и деца. Виновникот за нејзината состојба е недостаток на мал сет ДНК во FAAH-OUT „псевдогенот“.

Освен тоа, откриен е еден единствен заменет нуклеотид во FAAH генот, кој е одговорен за лачење на ензими на хидролаза на масно киселинските амиди.

Loading...

Претходните истражувања исто така покажале дека луѓето со мали варијации во FAAH генот се помалку анксиозни и полесно поднесуват болка.

Leave a Reply