На 17 години го продал бубрегот за „Ајфон“ и „Ајпад“, осум години подоцна е хендикепиран (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ксао Ванг, кога имал 17 години одлучич да го продаде бубрегот за да со парите купи „Ајфон 4“, затоа што инаку не можел да си го дозвли.

Loading...

По операцијата, лекарите му рекле дека ќе води нормален живот со само еден бубрег, но, осум години подоцна, 24-годишникот е тешко болен и оди на дијализа.

Пред осум години, телефонот бил статусен симбол во неговото училиште во кинеското гратче. Но, бидејќи тој потекнува од сиромашно семејство кое не можело да му купи таков уред, одлучил да продаде еден од своите здрави органи.

Со помош на посредник, Ванг стапил во контакт со луѓе кои биле специјализирани за продажба на органи на црниот пазар. Се договриле за цена од 22.000 јени (околу 2.800 евра), што му било повеќе од доволно посакуваниот мобилен телефон.

За жал, таа непромислена одлука целосно му го уништила животот.

Ксао на 17 години мислел дека еден бубрег ќе му биде доволен за живот, а лекарот кој го запознал пред операцијата тврдел дека се ќе биде во ред. Процедурата била изведена во илегална болница, и иако тогаш ја сметале за успешна, набргу се јавиле компликациите.

За жал, ординацијата не била дезинфицирана, што довело до инфекција на раната.

Што е уште полошо, семејството на Ванг не знаело за операцијата и дознале дури кога повеќе не можел да ги крие здравствените проблеми.

Loading...

Бидејќи не се осмелил да им каже на родители што направил и зошто, инфекцијата се проширила и на здравиот бубрег, а до моментот кога семејството го одвело во вистинска болница на лекување, штетата била толку сериозна што сега единствен начин да остане жив е дијализат.а

Ксао Ванг поголемиот дел од животот го минал во болница и целосно е зависен од уредите кои го одржуваат во ќивот, но истовремено значително му го скратуваат животниот век.

Откако ја слушнале неговата приказна, родителите ги пронашле посредникот и лекарот кои извршиле операција и ги тужиле. Добиле компензација од 2,2 милиони јени, од што поголемиот дел го потрошиле за скапите третмани и лекови за својот сега веќе 24-годишен син.

Leave a Reply