На 16 години станала лото милионер, сега тврди дека животот и е пекол (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Британката Кели Роџерс (32) своевремено станала најмладата лото милионерка откако на 16 години освоила џек пот од 1.875.000 фунти.

Loading...

Истакнала дека тоа и го променило животот на лоши и останува при ставот дека малолетни лица не би требало да играат игри на среќа и ги повикува властите да ја кренат законската граница на 18 години.

Кели истакнува дека била многу млада кога ја освоила наградата, дека од тогаш доживеала вербало, па и физичко злоставување и дека ја прогонувале „лажни пријатели“ кои не биле заинтересирани само за нејзината среќа и другарувањето со неа, туку, според неа, само се обидувале да ја искористат и да уживаат во дел од нејзиното богатство.

Тие пари, вели, одамна исчезнале од нејзиниот живот, а британската влада ја повикува да реагира во вакви случаи на време, односно да ја крене старосната граница над 18 години за учество во игрите на среќа.

Како што вели, била премногу млада за да се носи со притисокот на толкаво богатство и дека сака да спречи и други деца да „минат низ пеколот“, низ кој минувала таа.

фото: Instagram/Callie Rogers

Кели е самохрана мајка, вработена како негувателка, моментално заработува 13.000 евра годишно, а живее во изнајмен стан.

Loading...

По освојување на парите, скоро се дала на семејството и пријателите, трпела разни видови злоставување од непознати лица, а поради љубомората, како што вели, ја претепале и две жени.

„Лажните пријатели“ кои ја користеле за да и земаат пари на заем, и должат повеќе до 200.000 евра.

Својот апел до владата го упатува превентивно за да спречи други деца да минат низ она што таа го минала, како и пораид тоа што би се спречила потенцијална зависност од коцкање која влијае на менталното здравје на децата.

– Луѓето и натаму ме прашуваат за добивката. Сметаат дека сум среќничка. Некои претходно ме советуваа парите да ги потрошам паметно, тоа е најдобриот совет кој во тој момент можев да го добијам. Но, тогаш не ги слушав. Бев премногу млада. Преку ноќ од безгрижно дете израснав во зрела личност, рекла Кели и додала дека луѓето ја препознавале кога одела да бара работа, како и дека се плашела да запознава нови луѓе и да стекнува пријатели затоа што наводно и тие би се обиделе да ја искористат знаејќи која е таа.

Откако добила пари, Кели се одселиле од родителите и купила куќа во која живеела со тогашното момче Ники Лоусон, а со него има и две деца Кјан (14) и Дебони (11).

Подоцна се омажила за пожарникарот Поло Пениј, со кој има седумгодишен син Блејк и тригодишна ќерка Џорџија.

Пари позјамувала и на роднини и пријатели кои и барале.

– Луѓето бараа пари за нови автомобили или било што друго што сакаа да си купат. Бев со меко срце и секогаш им позајмував. Дури подоцна сфатив какви се. Бев тотално искористена од лажни пријатели и лица за кои мислев дека ми значеле, рекла Кели во својата исповест за британските медиуми.

Loading...

Пет години откако станала милионерка, следувал уште поголем пекол. Поради проблеми во бракот со мажот Ники, децата и биле одземени, а таа се обидела да се убие.

Додава дека како тинејџерка присуствувала на забави, дека трошела пари на различни видови забава, но дека никогаш не пробала кокаин или било каков вид дрога.

Кели ги советува младите кои непланирано се збогатуваат паметно да ги трошат парите и да го држат своето богатство во тајност, за да не го проживеат она што и самата го проживеала.

Leave a Reply