Брук Ешли Хол забременила на 16 години. Таа немала пари да си дозволи креветче за својот син, па го заспивала во картонска кутија. Денес таа има армија следбеници на ТикТок. Ја следат седум милиони луѓе, а нејзините видеа имаат 184 милиони прегледи.
Благодарение на успешната кариера на социјалните медиуми, таа може да си дозволи простран дом за себе и за своите деца.
View this post on Instagram
„Јас, 16-годишник, со бебе кое мораше да спие во картонска кутија со перници, бидејќи не можев да си дозволам креветче“, напиша таа во видеото.
Брук забремени на 15 години и мислеше дека е крај на светот. По некое време, таа се запозна со боксерот Марк Хол. Се венчаа кога Брук имаше 21 година и сега го живеат животот од соништата.
View this post on Instagram
„Никогаш не мислев дека мажот ќе ме сака толку многу и ќе ме прифати, како и сите мои недостатоци. Конечно го имам моето семејство од соништата. Беше тешко, но успеавме”, рекла оваа мајка во едно од видеата.
Брук и Марко имаат два сина заедно и го водат каналот на Беверли Холс на Јутјуб, кој има речиси два милиони претплатници.
@brookeashleyhall♬ you deserve better. – grace