На 107 години влегоа во Гинис како најстари близначки во светот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сестри од Јапонија поставија нов Гинисов рекорд, бидејќи се најстарите живи идентични близначки во светот.

Loading...

Умено Сумијама и Куме Кодама, кои имаат 107 години и 300 дена, го соборија претходниот рекорд кој им припаѓаше на Јапонците Кин Нарити и Џин Кание.

 

 

Умено и Куме се многу друштвени и се родени на 5 ноември 1913 година, на островот Шодошима.

Тие во понеделникот го добија сертификатот за Гинисов рекорд, на одмор во Јапонија посветен на постарите лица.

 

Loading...

 

Поради моменталната ситуација со пандемијата, сестрите го добија сертификатот во домовите за стари лица каде што живеат.

Претходните рекордери Кин и Кин имаа 107 години и 175 дена. Кин почина во јануари 2000 година, а Џин во 2001 година.

 

 

Очекуваниот животен век во Јапонија е најдолг во целиот свет, а постарите луѓе уживаат голема почит.

Loading...

Најстарата личност во светот во моментов е 118-годишната Кане Танака од Јапонија.