На 1 септември – децата на училиште, СДСМ во собраниските клупи

Сподели со своите пријатели

По петнаесет месечниот бојкот, 31 пратеник на опозициската СДСМ, утре се враќаат на работа во Собранието на Република Македонија како дел од договорот постигнат во Пржино на почетокот на летото. Од конечната листа на 34 освоени места во парламентот, поради несогласувања заради најавениот бојкот, пратеничките Солза Грчева, Љубица Буралиева како и Роза Топузовска  – Каревска од ЛДП истапија од коалиционата листа и останаа да делуваат како независни пратеници.

Loading...

Пратениците на СДСМ најавуваат жестока политичка борба и активно учество во работата на парламентот, со фокус на обврските од јунскиот договор потпишан од четирите најголеми партии и учество во собраниските комисии.

Инаку, на последните парламентарни избори СДСМ неколку минути пред завршувањето на гласањето излезе и реши да бојкотира, затоа што во изборниот процес имало многу нерегуларности.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.