На 1 февруари ЕУ самит за буџетот, вклучувајќи го и финансирањето на Украина

Сподели со своите пријатели

На 1 февруари ќе се одржи вонреден самит на Европската унија на кој ќе се разговара за повеќегодишниот буџет на ЕУ, вклучително и прашања за финансиската помош за Украина, изјави вчера претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Loading...

– Важно е да се носат одлуки за финансиски прашања – рече Мишел на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александар де Кро, чија земја го презема претседавањето со ЕУ на 1 јануари.

Откако унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на одлуката за финансиска помош за Украина минатата недела на самитот на Европскиот совет, Мишел рече дека ќе работи со 27 земји-членки, меѓу кои и Унгарија, за да донесе позитивна одлука од финансиски аспект.

Лидерите на ЕУ на самитот на Европскиот совет минатата недела се согласија да ги отворат преговорите со Украина за пристапување во ЕУ, но не постигнаа договор за пакет финансиска помош за Киев во износ од 50 милијарди евра поради противењето на Унгарија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го искористи правото на вето кога донесе одлука за финансиска поддршка на Украина и на тој начин го спречи Киев да добие 50 милијарди евра од ЕУ.

Орбан, сепак, не го искористи правото на вето во моментот кога се гласаше за отворање на преговорите со Украина, туку ја напушти салата, што им овозможи на останатите 26 лидери да дадат зелено светло за отворање на преговорите со Украина.