МЗТ забрани организирано присуство на гостински навивачи

Сподели со своите пријатели

Иако вчера на официјалниот сајт на МЗТ Скопје Аеродром осамна информација дека вратите на Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе бидат отворени за домашните и гостинските навивачи, сепак 24 часа подоцна се предомисли па до КК Куманово испратиле допис дека присуството на навивачката група Кумани е забрането.

За првиот натпревар од финалната серија, вратите во СЦ Јане Сандански ќе бидат отворени за симпатизерите на домашниот и за гостинскиот клуб, како и за сите останати љубители на кошарката кои ќе сакаат да присуствуваат на овој дуел – пишуваше вчера на официјалниот сајт на МЗТ Скопје Аеродром.

Но, денес информација испратиле до гостинскиот клуб, во овој случај КК Куманово во која Кумани се забранети.

КК МЗТ Скопје Аеродром Ве информира дека нема да дозволи организирано присуство на гостинска навивачка група за натпреварот МЗТ Скопје-Куманово кој ќе се одигра во СЦ Јане Сандански во среда (18.05.2016) со почеток од 18.00ч – се наведува до информацијата испратена до КК Куманово.

Инаку по информацијата дека вратите ќе бидат отворени за Кумани и симпатизерите на КК Куманово, беше организиран и бесплатен автобуски превоз за да им се даде поддршка на изабраниците на Марјан Србиновски, но организаторот се предомисли.

 

Loading...