МЗТ израмни 1:1, но виде и што значи вистинска публика (галерија)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 75:82 Кошаркарскиот клуб Куманово го загуби вториот меч од финалето на македонскиот кошаркарски шампионат, што се играше на домашен терен.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”366″]

 

Куманово успеа да се симне на 30:37, но Костоски не успеа да реализира два противнапади за својот тим, а шампионот сето тоа го казни за 32:45 на полувремето.

Домаќинот шутна 17 тројки, а погоди само три. Освен тоа имаа и огромни проблеми со личните грешки, бидејќи по 20 минути Мишановиќ, Трајковски, Мандиќ и Јанески веќе имаа по три фаули.

Во второто полувреме избраниците на домашниот тренер Марјан Србиновски заиграа подобро во одбраната и со серија од 6:0 брзо успеаја да фатат резултатски приклучок, но повторно проработе шутот од далечина за гостинскиот тим. Протиќ со две и Стојановски со една тројка го вратија МЗТ на двоцифрена разлика. Со иста мера возвратија Мандиќ и Костоски, а рафалната стрелба за три поени ја затвори Стојановски, по што во последните десет минути се влезе со 52:59.

МЗТ повторно подобро ја отвори четвртината, па по само три минути игра шампионот одново имаше над десет поени разлика (56:68). Куманово се обиде да се врати, но МЗТ погодуваше во клучните моменти, за на крајот да дојде до удобна предност која на крајот ја претвори во конечна победа од 82:75 за 1:1 во финалната серија.

Марко Луковиќ го предводеше МЗТ со 16 поени, Стојановски додаде 14, а Протиќ 13 поени. Кај кумановци Трајковски со 18 и Караџовски со 13 поени беа најзабележителни.

Мечот започна со еден час задоцнување поради големата кондензација која постојано создаваше влага на паркетот, па домаќините мораа да ги отворат сите можни влезови и прозорци за да се стабилизира ситуацијата. Сето тоа настани поради надминување на капацитетот на салата, поради тоа што над 8000 луѓе беа присутни еден час пред да започне натпреварот, а не 4000 според коментаторот на МРТ кој го вршеше преносот.

Третиот натпревар од финалето се игра во вторник во Спортски центар „Јане Сандански“.

Извор: СпортКлуб