МЗШВ ја организираше 5. работилница за управување со пожари на ниво на предел

Сподели со своите пријатели

Во рамки на Програмата за “Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” (LFMWB), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Регионален центар за следење на шумски пожари (RFMC), на ден 05.06.2024 (Среда) во Хотел Александар Палас – Скопје, ја организираше 5тата по ред “Работилница за управување со пожари на ниво на предел” и состанок на Националната мрежа за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија.

Loading...

Програмата “Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје како регионална извршна агенција со законодавна поддршка од ХЕЛВЕТАС агенција од Швајцарија.

 

 

На работилницата присуствуваа државниот советник за шумарство и ловство при  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Саша Јовановиќ, раководителот на секторот за шумарство и ловство Јордан Здравковски, тим лидер на LFMWB програмата Цветан Николовски, како и претставници на институции, агенции, јавни претпријатија, научно образовните институции, факултети, здруженија и волонтерски друштва, односно институции кои се тесно поврзани со управување со пожарите на ниво на предел во Република Северна Македонија.

 

Loading...

 

Основните цели на оваа работилница беа утврдување на постигнувањата, преглед на активности за изготвување на стратешки документ “Стратегија за адаптирано управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија” кој  преставува основа за осигурување на заштитата на локално, регионално и на национално ниво од пожарите на ниво на предел, справување со климатските промени, како и поддршка на локалното население со цел подобрен квалитет на животот. Како резултат од работилницата во втората сесија од настанот преку работа во групи беа дефинирани и обработени поглавјето за регионална и интернационална соработка и поглавјето за трансформација на стратегијата во акција.

Оваа работилница за управување со пожари на ниво на предел во Северна Македонија беше исклучително важна поради пополнување на две клучни поглавја од Нацрт Стратегијата за адаптирано управување со пожарите на ниво на предел преку активното вклучување на сите чинители и претставници на Националната мрежа за управување со пожари во Северна Македонија.

Интегрално соопштение