МВР: Во последното деноноќие се регистрирани нови 3. 200 бегалци

Сподели со своите пријатели

Бројката на издадени потврди за бегалците кои транзитираат низ Македонија премина преку 345 илјади, додека во изминатото деноноќие се издадени 3.291 потврда, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, во текот на изминатото деноноќие,  издадени се потврди на вкупно 3.291 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на  Сирија – 1.451, Авганистан – 962 и Ирак – 878.

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 345.211 странски државјани, додека до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.