МВР во последните 24 часа регистрираше нови 1.359 бегалци

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа, на ПТЦ Гевгелија, издадени се потврди на вкупно 1.359 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 595, Авганистан– 442 и Ирак-322, јавува Министерството за внатрешни работи. 

Во изминатото деноноќие, МВР јавува дека до Секторот  за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 08.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 17.167 странски државјани, од кои 7.155 се од машки пол, 3.623 се од женски, 6.322 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 67 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Loading...