МВР: Во последните 24 часа издадени 2.184 потврди за бегалци

Сподели со своите пријатели

Во последното деноноќие издадени се 2.184 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од барателите 915 се од машки пол, 472 од женски пол, и 797 деца кои се придружувани од своите родители или старатели. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди најбројни се државјаните на Сирија-1.278, Ирак-525 и Авганистан–381.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил