МВР со детали за лажната дојава за бомба во клубот „Револушн“

Сподели со своите пријатели

Дваесетина минути по полноќ непознато лице телефонски во Полициската станица од општа надлежност во Куманово пријавило дека во ноќниот клуб „Револушн“ има поставено експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициските службеници од СВР Куманово веднаш било излезено на лице место. Поради безбедносни причини веднаш се евакуирани сите лица, по што од страна на стручни лица од Одделот за антитероризам при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, е извршен увид на лице место.

Од извршениот увид е констатирано дека во објектите нема поставено експлозивна направа и се работи за лажно пријавување.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.