МВР со демант за објавениот текст на порталот КУРИР

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го демантира текстот на порталот „Курир“ под наслов „Луксузни возила за себе и соработниците-прв приоритет на новиот министер за внатрешни работи“ , од 11.11.2015 година.

Loading...

Capture

Министерството за внатрешни работи потенцира дека наводите во текстот се невистинити. На новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски му беше доделено она што следува на неговиот кабинет согласно Правилникот за распределба , користење, одржување и обновување на возилата  на Министерството за внатрешни работи, кој е донесен на 30.11.2009 година врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во Министерството за внатрешни работи, како што веќе информиравме, на 11.11.2015 година извршено е примопредавање на функцијата помеѓу претходниот министер м-р Митко Чавков  и новиот министер Оливер Спасовски . Исто така, на оваа средба новиот министер беше запознаен со активностите и работната содржина на Министерството за внатрешни работи.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.