МВР со апел: Достоинствено да го прославиме Илинден

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита празникот Илинден и ги повикува достоинствено да го прославиме овој ден, како што доликува на чествување на така значаен датум од нашата историја.

Loading...

– Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата, согласно законските обврски и надлежности, ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните, стои во апелот на МВР.

Како што додаваат од полицијата, со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина.

Leave a Reply