МВР: Приведеното лице за час и петнаесет минути запалил 11 возила

Сподели со своите пријатели

Како што јавува СВР Куманово, ноќта помеѓу 12/13 октомври, во временски период од 23:30 до 00.45 часот, на четири локации во Куманово опожарени се 11 ПМВ и тоа:

Loading...

На ул.„Пионерска“  опожерени се четири ПМВ „Фолксваген -Голф“ сопственост на Ѓ.Г. (38) од Куманово, „Форд Фиеста“ сопственост на И.Б. (28)  од Куманово, „Опел Астра“ сопственост на И.С. (35) од Куманово и „Рено Меган“ сопственост на Г.Т (38) од Кратово.

На ул. Димитрие Туцовиќ опожарени се четири ПМВ: „Голф“ сопственост на А.Ш. (37) од Куманово, „Тико“  сопственост на Н.П. (53) од Куманово, „Шевролет Авео“ сопственост на И.Р.(46) од Куманово и „Мерцедес“ сопственост на Ѓ.А.(27) од Куманово.

На ул.„11-ти Октомври“ опожарени се две ПМВ: „Матиз“ сопственост на А.Т. (40) од Куманово, „Пежо 807“ сопственост на Н.Н.(44) од Куманово и на ул.„Гоце Делчев“, опожарено е ПМВ „Ауди“ сопственост на Д.М.(40), сите од Куманово.

Од страна на ППЕ-Куманово пожарите се изгаснати, при што повеќето од возилата се целосно изгорени.

Од страна на полициските службеници од СВР Куманово околу 01,00 часот е приведено осомничено лице и се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ке биде поднесена соодветна кривична пријава