МВР: Последното деноноќие издадени 2.445 потврди на бегалци

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите 24 часа вкупно биле издадени 2.455 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот дел повторно се деца со придружба на родители или старатели и тоа 981 на број, додека две деца патувале без родители и тие се самостојни носители на потврдите. Останатиот дел се 918 возрасни мажи и 554 жени.

Според државјанството, најмногу потврди биле издадени на државјаните на 939 државјани на Сирија, потоа на 827 државјани на Авганистан и на 689 државјани на Ирак, со што бројката на издадени потврди од почетокто на годината до сега изнесува 72.873.

До Секторот за азил во текот на вчерашниот ден не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.