МВР: Последното деноноќие издадени 1.031 потврди за бегалците

Сподели со своите пријатели

Во последното деноноќие потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени на 1.031 лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот дел од нив се мажи и тоа 489, 344 деца, а бројто на жените значително помал изнесува 198 лица. Гледано според државјанствата најбројни се државјаните на Авганистан – 441, Сирија – 436  и Ирак – 154.

Последните 24 часа до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил, а од почетокот на годината тоа го сториле само пет лица.