МВР: Последното деноноќие 1.208 потврди за бегалци, без барања за азил

Сподели со своите пријатели

Последните 24 часа биле издадени 1.208 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што бројката од почетокот на годината до сега достигна 39.043 потврди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од поднесените барања, 505 биле мажи, 244 жени, а 459 деца придружувани од своите родители, додека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -605, Авганистан – 443 и Ирак – 160.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил, а од почетокот на годината тоа го сториле само пет лица.