МВР: Последните 24 часа нема издадено потврди за бегалците

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа од страна на Министерството за внатрешни работи не биле издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на 2016-та година биле издадени 89.623 потврди и тоа на државјани на Сирија – 44.734, Авганистан – 26.546 и Ирак – 18.337, а барање за азил поднеле вкупно29 лица (22 од Сирија и седум од
Авганистан).

Засега е неизвесно дали ќе продолжи протокот на бегалци и кога ќе бидат пропуштени следните групи.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.