МВР откри спомен обележје во чест на четворицата загинати пилоти

Сподели со своите пријатели

Во аеродромската база ”Брест” во Петровец, денес беше откриено спомен обележје во чест  и вечен помен на четворицата трагично загинати пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков во хеликоптерската несреќа што се случи на 10 јули минатата година во близина на Струмица.

Loading...

Пред семејствата на пилотите, поканетите колеги и гости  со поздравен говор  се обрати Директорот на БЈБ м-р Горанче Савовски.

– Ние пред една година загубивме четворица врвни професионалци, патриоти, другари,колеги, пред се грижливи и сакани сопружници, татковци, синови… Загубата е ненадоместлива, но остануваат сеќавањата на  нивните дела по кои ќе ги паметиме и со гордост споменуваме. Денешниов чин на откривањето на спомен обележјето во чест и вечен помен на овие наши македонски херои, нема да ја исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме со нивните најблиски во изминативе година дена од нивното трагично загинување. Но, од ова место Ви ветуваме почитувани наши колеги  Драги, Иљо, Марјан и Тоде дека наша должност и светост останува и во иднина  споменот за Вашата човечност, добрина , професионалност и посветеност да го чуваме, негуваме и со гордост пренесуваме, истакна во својот говор директорот на БЈБ, Горанчо Савовски.

Пилот капетан Марјан Трајковиќ, роден е 1967 година во Куманово. Своето образование го продолжил како питомец на воздухопловната академија во Мостар, а потоа дипломирал на воена воздухоплованата академија во Задар, Хрватска во 1991 година.

Хеликоптерската несреќа кај Струмица се случи на 10 јули 2014 година во околу 22.00 часот кога хеликоптер на Министерството за внатрешни работи со екипаж од четири лица удри во предавател наМакедонската радиотелевизија и се сруши на земјата. Во текот на истрагата биле пронајдени вградените три црни кутии.