МВР објави детали за акцијата во која пронајде дрога но и останати предмети

Сподели со своите пријатели

По претходно реализираните случаи на недозволена трговија со дрога во текот на овој месец од кои еден за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана, со тежина од 29,9 килограми и оној со откриената импровизирана лабараторија за одгледување на марихуана во Скопје, ОСОСК при МВР продолжувајќи со активности по однос на информации за сузбивање на улично дилерство на дрога, а со добиена наредба од страна на Судија на претходна постапка, завчера (18.12) изврши претрес на дом и други простории на лицата З.Б. (41) и И.Б. (31) од Скопје поради основи за сомневања за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ, но и поради објавена централна потерница за лицето З.Б. по Наредба на ОС Скопје 1 од 05.03.2015 година, за сторено кривично дело по чл.258 ст.1 од КЗ на РМ.

При претресот покрај едно помало пакување со тревкаста материја и околу два килограми прашкаста материја, беа пронајдени и одземени: 78 панцирни елеци, неколку парчиња секачи за хартија, неколку преси за хартија, апарат за обработка на пластика, поголем број на пластични фолии, налепници, фолии со амблеми, фотокопии од патни исправи на повеќе НН лица, лична карта од странска држава, возачка дозвола од странска држава, голем број на фотографии од НН лица, голем број на фотокопии од лични документи на НН лица, компјутерска опрема, кореспонденција од електронска пошта, документи со текстови на странски јазик од банки, принтери и др.

По Наредба на судија на претходна постапка дополнително е извршен претрес и во домот на лицето С.А. (48) од Скопје. При претресот покрај компјутерска опрема пронајдени и одзмени се принтери, хартија во различен формат, состав и боја, фолии и др. По извршените претреси трите лица беа приведени. Од досега извршените крим.технички вештачења се утврди дека пронајдената хартиена паковка претставува наркотична дрога марихуана со вкупна маса 0.38 грама, а пронајдената прашкаста материја со вкупна маса од 2354 грама, претставува смеса од кофеин и парацетамол, медикаменти кои на илегалниот пазар се користат како додаток во хероинот, со цел зголемување на масата, за што против лицето И.Б. до ОЈО Скопје, поднесена е кривична пријава за кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ. Исто така од досегашното вештачење утврдено е дека личната карта и возачката дозвола од странската држава се фалсификувани.

Поради големиот број на пронајдени и одземени предмети, за кои постојат основи за сомневања дека потекнуваат или со нив се извршени и голем број на други кривични дела, ОСОСК во координација со ОЈО Скопје, продолжува со истрагата, во насока на крим.техничко вештачење на предметите, обработка и анализа на податоците.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.