МВР: Нови 2.843 регистрирани бегалци без побаран азил во Македонија

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на последното деноноќие, на ТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 2.843 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-1.603,  Авганистан–897 и Ирак-343.

Во периодот од први до 5 јануари, издадени се потврди на вкупно 11.766 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-5.190, Авганистан-3.954 и Ирак-2.622.

Според МВР, во последното деноноќие, до Секторот  за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од страна на мобилните тимови на Црвениот крст, во периодот од 21:00 часот на 04 јануари до 21:00 часот на 5 јануари, на ГП Табановце и Гевгелија укажана е прва помош и асистенции во голем број случаи, а прибрани се и донации од различни донатори наменети за бегалците.