МВР: Нови 1.842 регистрирани бегалци без побаран азил во Македонија

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.842 странски државјани побараа потврда за привремен престој во ПТЦ Гевгелија, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот извештај за 12 јануари, од кои 1.025 лица доаѓаат од Сирија,  Авганистан – 577 и Ирак – 240.

Во изминатото деноноќие, до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од први заклучно со 12 јануари, издадени се потврди на вкупно 22.518 странски државјани, од кои 9.505 се од машки пол, 4.802 се од женски, 8.129 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 82 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Loading...