МВР: Нови 1.784 регистрирани бегалци без побаран азил во Македонија

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, на ТЦ Гевгелија, издадени се потврди на вкупно 1.784 странски државјани, од кои 751 се од машки пол, 369 се од женски, 660 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–893, Сирија-642 и Ирак-249.

До Секторот  за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.