МВР негира дека две лица биле пронајдени после четири дена потрага

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи попладнево ја негираше информацијата дека се пронајдени две лица кои наводно се мајка и малолетна ќерка со потекло од Република Албанија.

Претходно порталите пренесоа информација дека лицата биле пронајдени живи после четири дена потрага во калта во селото Сингелиќ и дека истите се во болница каде се во шок и не зборуваат.

Во СВР Скопје не е пријавен ваков настан, а од страна на Единицата за информации – команда во СВР Скопје телефонски е стапено во контакт со Градска општа болница „8-ми Септември“,Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Брза помош на град Скопје, при што е констатирано дека кај ниту една од градските болници не се донесени ниту пријавени вакви лица – велат од Министерството за внатрешни работи.

Засега бројот на починати останува 22, евакуирани околу илјада, но нема конкретна информација дали се уште има исчезнати лица по кои се трага.