МВР: Над 80.000 потврди за бегалци издадени од почетокот на годината

Сподели со своите пријатели

Последното деноноќие издадени биле 1.027 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што вкупната бројка од почетокот на годината до сега изнесува 80.176, информираат од Министерството за внатрешни работи.

И вчера најбројни баратели на оваа потврда биле малолетни лица и тоа 402 придружувани од родител или старател, како и шест малолетни лица како самостојни носители на потврдата, останатиот дел биле 378 мажи и 240 жени.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 525 државјани на Сирија, потоа на 323 државјани на Авганистан и на 179 државјани на Ирак.

До Секторот за азил во измиантите 24 часа е биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а од почетокот на годината тоа го сториле вкупно десет лица.