МВР: На Табановце е мирно, и во моментот таму се наоѓаат 280 лица

Сподели со своите пријатели

Во штотуку објавеното соопштение на МВР, министерството информира дека во текот на изминатите 24 часа, состојбата на северната граница во прифатниот центар Табановце е мирна.

Loading...

Пристигнати и заминати се вкупно 2715 мигранти. За периодот  од 24 часот по полноќ  до 08 часот утринава, пристигнати се 45 лица, а издадени се 12 потврди за азил. Моментално во кампот се наоѓаат 280 лица.

Во прифатниот Центар на јужната граница во Гевгелија состојбата, исто така, е стабилна.

До овој момент во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да замина,  а од грчка страна има околу 2000 лица.

Министерстовото за внатрешни работи напоменува дека овие бројки се менуваат постојано .


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.