МВР: Меѓу убиените членови се т.н командант Нато и Бегу

Сподели со своите пријатели

Како што објави Македонската Радио и Телевизија, во завршената обдукција на три тела, инаку членови на вооружената група од Куманово, според наодите се потврдило дека се работи за Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, за кој МВР се сомневаше дека е еден од лидерите на терористичката група и Бег Ризај, познат како командат Бегу, двајцата државјани на Косово.

Loading...

mirsad500

Пренесувајќи соопштение на МВР, МТВ соопштува дека преку Интерпол, потврден е идентитетот на тројца од терористите убиени во акцијата во Куманово. Станува збор за државјани на Косово и еден на Македонија.

Се работи за Мирсад Ндрецај, алијас командант НАТО, за кој МВР се сомневаше дека е еден од лидерите на терористичката група и Бег Ризај, познат како командат Бегу, двајцата државјани на Косово.

Потврден е идентитетот и на Нусрет Каљоши, кој е македонски државјанин.

Преку Интерпол, исто така потврден е и идентитетот на едно од приведените лица. Станува збор за Сами Укшини, алијас командант Соколи.

Leave a Reply