МВР: Изминатото деноноќие издадени 908 потврди, најмногу на деца бегалци

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите 24 часа биле издадени 908 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, од кои 374 на деца бегалци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Останатиот дел од бегалците се возрасни лица, од кои 333 од машки и 201 од женски пол, додека според државјанствата најбројни се бегалците од Сирија – 532, Ирак – 214 и 162 од Авганистан, со што вкупната бројка од почетокот на годината, заклучно со вчерашниот ден изнесува 54.344 издадени потврди.

До Секторот за азил во последното деноноќие не се поднесени барања за признавање на право на азил.